Авантурите во Лондон
Младинската Мрежа Блу Скај во партнерство со “Momentum Youth Development” од Велика Британија и “Stichting YOEP” од Холандија го организираа тренингот за младински лидери MOMENTORS во Велика Британија од 16 до 23 Јули 2010.
Тренингот беше одлична можност за активирање на младите лидери кои имаат интерес да станат дел од актерите кои ги носат промените во нивното општество. Вкупно 6 учесници и 1 лидер од Младинската Мрежа Блу Скај беа дел од овој настан. Прочитајте повеќе за нивните искуства од нивните изјави:
Кристина изјави:
„Јас навистина уживав во времето поминато во Лондон... Научивме многу нови работи, се запознавме со нови култури и нови луѓе, и исто така имавме и многу забава... Во текот на курсот јас ги пронајдов моите надежи и желби за во иднина, со други зборови се пронајдов себеси. Тоа беше одлична недела посебно прошетката низ Лондон, Бизнис предизвикот во Lambeth Academy и најголемиот предизвик за нас Изведувањето на ТВ програма. Тоа беше најдобрата недела од мојот живот и никогаш нема да ги заборавам луѓето кои ги сретнав таму и работите кои ги научив... ми недостигаат сите.“
Деспина изјави:
„Овој курс беше најдоброто нешто што ми се има случено во мојот живот. Уживав толку многу. Научив многу нови работи, запознав пријатели кои ке останат секогаш во моето срце, видов неверојатни места и го имав најголемиот предизвик во мојот живот- Бизниз предизвикот и Изведувањето на ТВ програмата. Беше задоволство да се работи со тим како Моментум. Прегратки до сите, ми недостигате.“
Даниел изјави:
„После оваа прекрасна недела во Лондон, мора да речам дека мојот живот се измени засекогаш. Научив многу нови нешта, ги развив моите вештини и имав одлични авантури заедно со многу млади луѓе од Велика Британија и Холандија. Толку многу смесни моменти, толку многу среќни моменти... ќе останат засекогаш во моите мисли. Ох мора да го направам тоа повторно.“
Драгана изјави:
„Овој проект беше фантастично искуство за мене. Најпрво, јас ги подобрив моите лидерски вештини а исто така ги развив и моите компентенции. Курсот за лидерство е одлична можност за секоја млада личност за да научи, сретне нови интересни луѓе и да воспостави одлични контакти и се разбира одлична можност за многу забава. Ова беше една од најдобрите недели во мојот живот. Беше нависитна добро организирано и сите се чувствуваа одлично. Имаше можност за сите учесници да си се изразат себеси.“
Доколку сакате да разгледате и некои фотографии ве молиме кликнете тука.
In Section: Реализирани Проекти - This article belongs to category: Искуство








