Кога две стануваат едно
Како што наближуваа последните тренинзи од првата фаза на проектот “Youth Meeting Point” Блу Скај Локалните Клубови од Кочани и Струмица и секако нашите тренери Стојан и Драгана, дојдоа до одлична идеа за мала размена.
Така на 07 Јули шест членови на Блу Скај Локалниот Клуб Струмица дојдоа во Кочани каде што имавме два тренинзи заедно во текот на денот и забава во текот на ноќта. Ние го споделивме нашето искуство, знаење и секако, споделивме многу смеја. Тие си заминаа наредниот ден. Кратко но многу квалитетно поминато време.
Ова е само почеток на одличната соработка помеѓу нашите клубови!
На крај од се, летото е време за авантури и нови пријателства!
Сончевиот Блу Скај Локален Клуб – Кочани.
.jpg)
In Section: Реализирани Проекти - This article belongs to category: "Youth Meeting Point"








