БСЛК- Берово, одлична работа...
Членовите на Младинската Мрежа Блу Скај го посетија Центарот за деца со посебни потреби во Берово. Идеата на овој проект беше оригинално од Блу Скај, но беше поддржана и од Општина Берово.
На нашата втора средба со овие деца имаше представници и од Општина Берово, директорот на Центарот и членови на Блу Скај. Директорот одржа говор, искажувајќи желба да нашата соработка продолжи и понатака. Главната цел на оваа посета беше да се запознаат деца подобро преку акотивности за комуникација, во кои тие ги кажуаа своите желби како на пример штотие би сакале да бидат еден ден, кои се нивните сонови. Подоцна, тие ги цртаа своите желби, ги обоија и ги објаснија значењата на нивните цртежи. Тоа беше навистина интересна активност и добар начин за да се усреќат. Тие беа многу учтиви со нас и многу возбудени од нашата посета. Тоа беше одлично искуство за нас – членовите на Блу Скај, и добар начин да се направи нешто позитивно и да се видат насмевки на нивните лица.
Блу Скај Локален Клуб – Берово.
.jpg)
In Section: Втор Регион - This article belongs to category: Берово








