Skip to Menu Skip to Content Skip to Footer

За Младинската Мрежа Блу Скај

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од BlueSky Недела, 28 Март 2010 22:52

ШТО Е МЛАДИНСКАТА МРЕЖА БЛУ СКАЈ???

Младинската Мрежа Блу Скај е независна младинска непрофитна и невладина организација со јасна визија да создаде граѓанско општество во кое младите имаат активна улога. Ние ги охрабруваме младите луѓе со различни етнички и културни потекла со можности за развој на нивните таленти и вештини, и ја подготвуваме новата генерација на лидери и активни граѓани. Младинската Мрежа Блу Скај беше иницирана во 2002 од страна на Британскиот Совет во Македонија, а во Март 2007 беше регистрирана како независна организација.

Визијата на Младинската Мрежа Блу Скај е: „Создавање на граѓанско општество во кое младите имаат активна улога“.

Мисијате на Младинската Мрежа Блу Скај е: „Младинската Мрежа Блу Скај го стимулира развојот на младите преку креирање можности за личен развој, промоција на позитивни вредности и поддршка на креативни идеи“.

Младинската Мрежа Блу Скај е дизајнирана да работи на локално, национално и интернационално ниво. Мрежата е комплетно водена од млади. Управниот одбор на Мрежата е тука за да ја креира долгорочната стратегија на Мрежата. Изврпшната канцеларија на Мрежата ја имплементира стратегијата. На локално ниво Блу Скај има Локални Клубови. Секој Блу Скај Локален Клуб има своја сопствена структура која одговара со потребите на клубот, како што се: Локален координатор, Локален координатор за односи со јавноста, Локален координатор за членство итн. Наша целна група се младите помеѓу 15 и 27 години.

Полиња на работа на Младинската Мрежа Блу Скај:

  1. Поттикнување личен развој на младите луѓе.
  2. Промоција на позитивни вредности.
  3. Младинско учество во креирање и имплементација на младински политики.
  4. Институционален развој и организациско јакнење на Младинската Мрежа Блу Скај.

НА КАКВИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ МЛАДИНСКАТА МРЕЖА БЛУ СКАЈ РАБОТИ???

Проектите и активносите на Младинската Мрежа Блу Скај имаат инволвирано илјадници млади од секој дел на државата. Членовите на Мрежата имаат учествувано на проекти за уметност, животна средина, европска интеграција, наука, информатика, работи за заедницата итн.Со овие активност ние покажавме дека младите можат да бидат одговорни, имаат капацитети да организираат проекти, дека тие можат да имаат активна улога во општеството во кое ние живееме. Младинската Мрежа Блу Скај исто така, нуди можност за подобрување на Англискиот јазик на членовите и стапување во контакт со професионалци од различно области, и во нашата држава и надвор од неа. Активностите се одлична можност за среќавање нови луѓе, создавање нови пријателства и за патување низ светот.

ШТО Е ТОА БЛУ СКАЈ КЛУБ???

Блу Скај Локалниот Клуб е мала заедница на Членовите на Блу Скај кои живеат во ист град и заедно работат на различни Блу Скај проекти и живеа со Духот на Блу Скај во текот на годините. Секој Блу Скај Локален Клуб има сбоја сопствена локална структура која одговара на потребите на клубот, како што се: Локален координатор, Локален координатор за односи со јавноста, Локален координатор за членство итн.

Моментално Мрежата има 35 Локални Клубови: 32 за средношколци (низ цела Македонија), 2 за студенти и 1 за алумни членовите. Локалниот Клуб припаѓа на еден од шесте региони:

  • Регион 1: Скопје, 2 Уни Клубови и Алумни Клуб.
  • Регион 2: Берово, Делчево, Виница, Кочани, Пробиштип, Штип, Македонска Каменица, Свети Николе и Пехчево.
  • Регион 3: Велес, Неготино, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија.
  • Регион 4: Тетово, Гостивар, Куманови, Крива Паланка и Кратово.
  • Регион 5: Битола, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.
  • Регион 6: Ресен, Струга, Охрид, Кичево, Дебар и Македонски Брод.

КОИ СЕ ЧЛЕНОВИТЕ НА МЛАДИНСКАТА МРЕЖА БЛУ СКАЈ???

Наша целна група се младите помеѓу 15 и 27 години од Македонија. Средношколците и студентите, како и младите професионалци од сите делови на Република Македонија, од различни етнички и културни потекла, со различни и поинакви интереси, кои работат на проекти придонесувајќи за развој на заедницата. Постојат и мал број на Блу Скај Членови во Велика Вританија и Југо Источните Европски држави.

КАКО МОЖАМ ЈАС ДА СЕ ЗАЧЛЕНАМ???

Вие можете да станете член преку поднесување на on-line апликацијата која е достапна на нашиот веб сајт.

КОИ ПРИДОБИВКИ ЌЕ ГИ СТЕКНАМ ПРЕКУ ЧЛЕНСТВОТО???

  • Надоградба на твоите лични вештини.
  • Зголемување на твоето знаење.
  • Можност за посета на многу места во Македонија и во странство.
  • Создавање нови пријателства, среќавање нови луѓе.
  • Контакт со другите членови на Блу Скај низ цела Македонија и во странство.
  • Можност да најдеш други личности со слични интереси.
  • Многу подобро општество за живеење, подобра животна стредина и опкружување.
  • Совети и помош за твојот проект.
  • Покани за културни и други настани.
  • Покани за локални, национални и интернационални проекти и активности.
  • Можност да им кажеш на другите што правиш и да ги вклучиш и нив во твојата работа.

КАКО МОЖАМ ЈАС ИЛИ МОЈАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ДА СОРАБОТУВАМ СО МЛАДИНСКАТА МРЕЖА БЛУ СКАЈ???

Доколку сакате да работиме заедно на проект, во соработка со Младинската Мрежа Блу Скај, тогаш контактирајте со нашиот Извршен Директор, Програмски Директор или Менаџерот за Односи со јавноста. Нивните контакт информации може да ги најдете на нашиот веб сајт.

ШТО АКО САКАМ ДА ПОЧНАМ ДА ГО ДОБИВАМ БЛУ СКАЈ СПИСАНИЕТО???

Ако сте член на Мрежата, автоматски ќе започнете да го добивате Блу Скај Списанието. Ако не сте член, може да се пријавите  на нашата маилинг листа преку праќање на маил на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Вие сте нашиот
Site Meter
посетител до 24.01.2007. Ви благодариме!

Блу Скај Календар на настани

Last month February 2012 Next month
M T W T F S S
week 5 1 2 3 4 5
week 6 6 7 8 9 10 11 12
week 7 13 14 15 16 17 18 19
week 8 20 21 22 23 24 25 26
week 9 27 28 29