Skip to Menu Skip to Content Skip to Footer

Блу Скај Извршна Канцеларија

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од BlueSky Понеделник, 19 Април 2010 18:56

Извршниот Директор е одговорен за:

  • Тој/таа е правен застапник на Младинската Мрежа Блу Скај.
  • Водење на организацијата на одржлив и долгорочен начин.
  • Исполнување на целите од Стратегијата на Блу Скај, преку изготвување и имплементација на Акциониот План во соравотка со Проектните Менаџери.
  • Координирање и мониторирање на работата на Проектните Менаџери.
  • Истражување за спонзорства и финансии.
  • Финансиско и економично работење на организацијата.
  • Мотивација на членовите на Извршната канцеларија.
  • Поднесување извештаи до Управен одбор.
  • Соработка со владини и невладини организации и институции.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

На позицијата Извршен директор на Младинската Мрежа Блу Скај е Стојан Петревски. Тој е член на Блу Скај речиси шест години. Тој започна како член ан Блу Скај Локалниот Клуб во Берово во 2005, после стана Локален Координатор за тој клуб, а по таа функција беше избран за позицијата Регионален Координатор. Исто така тој беше и Администратор на мрежата. Во 2009 тој ја достигна оваа позиција.

Контакт информации:

Телефон: 070 33 46 88

Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Програмскиот Директор е одговорен за:

  • Промоција и менаџирање на програмските активности на Младинската Мрежа Блу Скај.
  • Работење во согласност со Стратегијата на Блу Скај.
  • Координирање и контролирање на работата на Проектните Менаџери.
  • Координирање и контролирање на процесот на имплементација на проектите и други активности на организацијата.
  • Соработка со членовите на Блу Скај Извршната Канцеларија
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

На позицијата Проектен Директор на Младинската Мрежа Блу Скај е Марко Марковски. Тој е активен во граѓанското општество речиси шест години. Тој беше избран за оваа позиција во 2009. Еве што тој кажа во однос на тоа: „Сметајќи го како предизвик, да се работи во најголемата младинска мрежа во Македонија, јас одлучив да аплицирам за позицијата Проектен Директор и дадам поддршка во идното јакнење на организацијата, како и нејзините капацитети, со цел да се понудат поголеми можности за младите луѓе.“

Контакт информации:

Телефон: 072 26 55 53

Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Менаџерот на Односите со Јавноста е оговорен за:

  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.
  • Координација и контрола на работата на Тимот за веб.
  • Координација и контрола на работата на Тимот за членство.
  • Координација и контрола на работата на Тимот за Истражување.
  • Претставување и застапување на организацијата на локални, национални и интернационални настани.
  • Воспоставување на односи со други организации, со локалните власти и владата.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.

На оваа позиција е Даниел Јосифовски. Тој е член на Младинската Мрежа Блу Скај од 2006 како член на БСЛК Гостивар. Во 2007 и 2008 тој беше член на локалната структура на БСЛК Гостивар на позицијата Координатор за Односи со Јавноста. Во 2009 тој беше избран за оваа позиција.

Контакт информации:

Телефон: 072 58 73 71

Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Администраторот на мрежа е одговорен за:

  • Менаџирање, координација и контрола на работата на Регионалните Координатори, Координаторите на Уни Клубовите и Координаторот на Алумни Клубот.
  • Истражување на извори за финансирање на активностите на Локалните Клубови, Уни Клубовите и Алумни Клубот, во соработка со Извршниот Директор и Програмскиот Директор.
  • Испраќање месечни извештаи до Извршниот Директор и Програмскиот Директор.
  • Предложување на можни солуции за развој и проширување на Мрежата.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

На позицијата Администратор на Мрежа е Цветанка Ѓуровска. Таа стана член во 2006 а во 2007 таа беше избрана за позицијата Локален Координатор на БСЛК Гевгелија. Наредната година таа беше реизбрана за истата позиција и таа исто така беше избрана за член на Проектниот тим за Национални Проекти на Младинската Мрежа Блу Скај. Таа дојде на оваа позиција во 2009.


Администраторот на Канцеларија е одговорен за:

  • Организирање на неделни и месечни состаноци за членовите на Извршна Канцеларија.
  • Водење и средување на (финансиската и административната) документација на Младинската Мрежа Блу Скај.
  • Праќање соопштенија до медиумите и до сите Блу Скај Членови.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

На оваа позиција е Вероника Велковска. Таа е член на Младинската Мрежа Блу Скај од 2005. Таа има работено на повеќе настани и проекти. Таа станува дел од Извршната Канцеларија во 2008 на позицијата Координатор на проекти за професионални можности. На наредните избори таа беше одбарана за оваа позиција.

 

 

Проектниот Менаџер за личен развој на младите е одговорен за:

  • Имплементација и реализација на Акција 1: „Охрабрување на личниот развој на младите“ од Стратегијата на Младинската Мрежа.
  • Имплементација на активности кои придонесуваат за личен развој на младите.
  • Координација, мониторинг и евалуација на работата на проектните координатори.
  • Потполнување апликации за проекти и поднесување на истите до донаторот.
  • Воспоставување контакти со партнери и имплементација на партнерски проекти.
  • Логиситчка поддршка на мрежата во однос на одржлив развој и развивање на позицијата проектен менаџер.
  • Соработка со другите поректни менаџери и со членовите на Блу Скај Извршна Канцеларија.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

На оваа позиција е Ивана Стојковска. Таа е член на Младинската Мрежа Блу Скај речиси пет години. Таа започна како член на Блу Скај Локалниот Клуб во Велес, а потоа таа стана Локален Коорднитор на тој клуб, а од 2009 таа е член на Извршната Канцеларија на оваа позиција. Таа има учествувано во многу процеси на имплементација на проекти како член на неколку проектни тимови.

 

 

Проектниот Менаџер за промоција на позитивни вредности е одговорен за:

  • Имплементација и реализација на Акција 2: „Промоција на позитивни вредности“ од Стратегијата на Младинската Мрежа.
  • Имплементација на активности кои придонесуваат за промоција на позитивните вредности.
  • Координација, мониторинг и евалуација на работата на проектните координатори.
  • Потполнување апликации за проекти и поднесување на истите до донаторот.
  • Воспоставување контакти со партнери и имплементација на партнерски проекти.
  • Логиситчка поддршка на мрежата во однос на одржлив развој и развивање на позицијата проектен менаџер.
  • Соработка со другите поректни менаџери и со членовите на Блу Скај Извршна Канцеларија.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

На оваа позиција е Дане Јосифовски. Тој е член на Младинската Мрежа Блу Скај од 2006 како член на БСЛК Гостивар. Во 2007 тој беше дел од структурата на БСЛК на позицијата Веб мастер. Во 2008 тој беше избран да биде Локален координатор на проектот: "Our climate is changing, so must we". Во 2009 тој стана Проектен Менаџер за промоција на позитивни вредности.

 

 

Проектниот Менаџер за охрабрување младите да учествуваат во креирање и имплементација на младински политики е одговорен за:

  • Имплементација и реализација на Акција 3: „Охрабрување на младите да учествуваат во креирање и имплементација на младински политики“ од Стратегијата на Младинската Мрежа.
  • Имплементација на активности кои придонесуваат за охрабрување на малдите да учествуваат во креирање и имплементација на младински политики.
  • Координација, мониторинг и евалуација на работата на проектните координатори.
  • Потполнување апликации за проекти и поднесување на истите до донаторот.
  • Воспоставување контакти со партнери и имплементација на партнерски проекти.
  • Логиситчка поддршка на мрежата во однос на одржлив развој и развивање на позицијата проектен менаџер.
  • Соработка со другите поректни менаџери и со членовите на Блу Скај Извршна Канцеларија.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

Оваа позиција во моментов е непополнета.

Проектниот Менаџер за институционален развој и организациско јакнење е одговорен за:

  • Барање на нови можности за подобрување на организацијата и процесите во структурата на Младинската Мрежа Блу Скај.
  • Создава можности за тренинг и надоградба на членовите на Блу Скај.
  • Истражува и развива соработки со потенцијални соработници на Младинската Мрежа Блу Скај.
  • Координирање, контрола и евалуација на проектите од ова поле.
  • Истражува и предложува нови креативни и прецизни методи за организациско јакнење на Младинската Мрежа Блу Скај.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

На оваа позиција е Ерина Најдовска. Таа е една од учесничките на првата Блу Скај Летна Школа и има работено на повеќе различни позиции во Структурата на Блу Скај и тимовите, поради тоа таа има огромно искуство. Таа е на оваа позиција од 2009.

 


Регионалните координатори се одговорни за:

  • Тие се контакт точка помеѓу Блу Скај Локалните Координатори и Администраторот на Мрежата.
  • Испраќање на месечни извештаи до Администраторот на Мрежата.
  • Координација на активностите на клубовите кои што се дел од неговиот регион.
  • Иницирање на соработка помеѓу Блу Скај Локалните Клубови.
  • На крајот на мандатот подготвување на целосен извештај за наследникот.
  • Промоција на Младинската Мрежа Блу Скај.

Младинската Мрежа Блу Скај има шест региони. За секој регион е одговорен еден Регионален Координатор. Распределбата на клубовите по региони е добро прикажана во секцијата Структура на Блу Скај.

Вие сте нашиот
Site Meter
посетител до 24.01.2007. Ви благодариме!

Блу Скај Календар на настани

Last month February 2012 Next month
M T W T F S S
week 5 1 2 3 4 5
week 6 6 7 8 9 10 11 12
week 7 13 14 15 16 17 18 19
week 8 20 21 22 23 24 25 26
week 9 27 28 29